По повод Меѓународниот ден на јогата повелете на со вашиот #ЈогаМат на отворен час јога во природа во с. Долно Соње на 25 Јуни (сабота) со почеток 18.00 час

Ве покануваме заедно да го одбележиме овој ден кој по осми пат, повторно ќе го обедини целиот свет, сите земји, милиони луѓе без разлика на нивната боја, возраст, професија – со една мисла и цел, мир во себе мир во целиот свет.

Ако некој ве праша , несомнено би се согласиле дека целта на животот е да уживаш во него. Но сепак многу луѓе се соочуваат со стравови, неволји или пак нереални очекувања, со што, го доживуваат својот живот како тешко место за живеење.

Јогата е канал преку кој можеме да воспоставиме контакт со себе. Јогата внесува надеж во животот, бидејќи го враќа балансот на умот и телото. Јогата внесува здравје таму каде што го нема, но и мир и единство таму каде што е изгубено.

Од друга страна, навистина си недостигаме еден со друг. Изминатите години, пандемијата си го направи своето.

Знаете ли дека во филозофијата на африканските племиња стои дека ние луѓето живееме преку другите човечки битија. На пример, едно бебе не може да преживее без добрината, контактот, допирот и љубовта на „големите” луѓе во неговиот живот. Оттука за здрав психофизички развој, нам како човечки битија, потребно ни е да оствариме контакти, да размениме енергија, да добиеме потврда за тоа – кои сме и што сме (вербална и невербална), да размениме мислења и по некој рецепт за здрава храна, меѓу нас!

Нашиот Живот, Јогата и Луѓето (со исти или слични верувања), се местата каде што можеме да си направиме своја оаза, која ќе ја исполниме со леснотија, љубов, здравје и неизмерна радост. Ете така ќе ја подобриме и подигнеме својата психо-физичка состојба и витална енергија и нашиот живот ќе стане убаво и лесно место за живеење.

Затоа се решивме да го прославиме Меѓународниот ден на Јогата заедно со Вас и вашиот #јогамат, да направиме, #ПикникМат!

Ве покануваме да направите пауза од секојдневието и го искористите до максимум денот за себе, да дојдете да вежбате, да медитирате, да танцувате и јадете со нас.

Сè што треба да направите е да дојдете на ЈОГА настанот, на отворено, кој ќе се одржува на 25 Јуни 2022 (сабота) , со почеток 18.00 час. (Дојдете пола час порано!)

Настанот ќе се одвива во целосно урбанизиран дел во с Долно Соње лесно пристаплив со кола или автобус (58 ца).

Треба да понесете:

  • #јогамат

  • #вода

  • #нештозагрицкање

  • #нештозапиење

И дојдете заедно да го прославиме овој ден !

Информации на healthyyogaskopje@gmail.com или на вибер 070234740