Практикување на здрави и иновативни методи за личен и професионален развој со М-р. Билјана Пешева
Позитивниот и здрав животен поглед кон светот, луѓето и кон себе, не е само романтичен поглед со наивно верување во добрите намери на луѓето и околината, туку проактивна комуникација насочена кон позитивните аспекти на личноста на индивидуите и настаните, со кои сме во секојдневен контакт. Вештината на пронаоѓање во себе такви зони како и пронаоѓање на исти такви зони кај луѓето и настаните околу вас е предзвик кој може да го постигнете преку учество во моите програми и курсеви како и јога активностите кои ви ги нудам.
Моделот кој го користам во моите програми вклучува развивање на личноста на личен, социјален, емоционален, духовен, еколошки, професионален, интелектуален и физички аспект. Користам активности и методи со кои работам на подобрувањето на личната и професионална благосостојба и употребувам современи и древни техники наменети за подобрување на севкупното психо-физичко здравје и благосостојба.
Вашиот личен ментор , М-р. Билјана Пешева
Настани
Јога вежби со стап и медитација во природа
Многу луѓе мислат дека истегнувањето е само за оние кои вежбаат, но во суштина истегнувањето е потребно на сите, без разлика дали и колку се физички активни. Тоа е потребно за да ја одржиме мобилноста
Викенд семинар во природа “Ослободи се од минатото и изгради нова визија за себе”
Викенд генералка за твојот ум и емоции Vol.3.0 со техниките на Филис Кристал Зошто Викенд ? Станува збор за сосема различен концепт на работа кој во себе ги интегрира психолошкиот и духовниот дел кој секој
Јога активен одмор во Грција
Седумдневен активен јога одмор наменет за подобрување на вашето психичко, емотивно и физичкото здравје. Jога одморот ќе го држиме во прекрасната Фурка во ексклузивниот ALL EXCLUSIVE хотел Tropical 4* на полуостровот Касандра, од 08.06.22 -15.06.2022
Новости
Управувај со своите негативни емоции преку пет чекори
Ако гледате кон негативните емоции како нешто што не треба да го доживеете, природно ќе им се спротивставите. Но, ако прифатите дека негативните емоции се природен дел од вашите искуства, можеби ќе бидете поотворени и
Создадовме нова слика во себе, за себе!
Јануари 2022 година го претворив да биде најинтересен месец во годината за мене и за сите учесници на 5 неделникот курс “Создај нова слика за себе. На средбите кои се одвиваа онлајн, работевме на градење
Ослободи се од туѓите очекувања
Нашите животи се испреплетуваат со животите на други личности заради нашиот взаемен раст и развој, а ние самите ги привлекуваме оние луѓе и искуствата кои ни требаат, за да нè научат, што и да е
Видео библиотека
“ Презадоволна сум после секој час и се чувствувам одлично. Добро е што постоиш инче ќе требаше да те измислиме. Благодарам од срце! ”
“ Најдобрата за јога и медитација. ”
Сакам да ти се заблагодарив за тоа што ни се достапни часовите во секое време. Сега си го извежбав вчерашниот час, многу ми беше убав. Бидејќи многу сакам камења ги имам насекаде низ мојот двор, фарбани, нефарбани, поголеми, помали, постојано велам во некој друг живот јас сигурно сум била камен. Е денешново претворање во камен ми беше полн погодок, само на крај каменот ми се претвори во порозен морски сунгер. Јака како камен, во душа мека сунгер, тоа сум си јас. Секоја дружба со тебе ми е ново и ново одврзување. Гушки, гушки <3
“ Инспирира, мотивира, подига и носи кон акција! “
“ Секоја чест Билјана за трудот кој несебично го вложуваш и шириш позитивна енергија! Прекрасни јога часови. ”
“ Одлични водени медитаци. Билјана е вистински професионалец. Посебно го ценам нејзиниот ангажман во ова време- невреме. Топло ја препорачувам “
“ Прекрасни и многу моќни медитации води Билјана ”
“ Гласот на иструкторот е многу смирувачки. ”
“ Најдобрата ОНЛАЈН медитација! Ти благодарам за несебичната подршка која ни ја пружаш во овие карантински денови. ”
“ Прекрасно како и секогаш. Ми ја враќаш насмевката и крилјата . Ти благодарам Биби што го правиш ова и што ни ги разубавуваш животите. ”
“ Прекрасно искуство за сите сетила . Фала многу Билјана ”
“ Прекрасни онлајн часови и дружба ”
“ Вежбите и медитациите во комбинација со ликот и гласот на Биљана Пешева се искуство кое ти го олеснува денот, месецот, годината… БРАВО Биљана за идејата да направиш онлајн вежби за јога и медитации во време кога на сите и те како ни е потребно! Царица си! Ти Благодарам што постоиш! ”
“Прекрасно предавање и атмосфера за работа.”
“ Чувство на ослободување, на енергија, на растење во себе, ете тоа ни го дава Биле со медитациите и јогата. ”
“ Дефинитивни најдобри јога часови ”
“Многу практични меки вештини и вештини за здрав живот! Навистина добивате она што ви треба на обуките ! ”
“Топло го препорачувам Healthy Life Skills на секој оној кој сака да работи на себе на физичко, ментално и духовно ниво. Редовните yoga часови се идеално структуирани за да се ослободите од напнатоста, грижите и товарот кои го носи секојдневието, додека yoga retreat-ите се нешто што задолжително треба да се искуси. На нив секогаш нурнувам длабоко во себе, доживувам прекрасни и незаборавни искуства со Билјана Пешева, се збогатувам интелектуално и социјално преку запознавање неверојатни личности со кои се дружам и понатаму. Не двоумете се, пријавете се на следниот час и на следниот yoga retreat, Биби е вистински професионалец кој ќе Ви помогне да ја откриете светлината во Вас.”
“Билјана е тренер со врвен кавлитет и која се дава 100 % на сите вежби и предавања која таа ги држи.”
“Ако сте почетник таа ќе ве воведе во тајните на медитацијата , јогата, здравиот начин на живот и размислување, кон поврзување со своето внатрешно, суштинско јас , со многу љубов и слобода ! А, ако сте веќе искусни ќе можете со Билјана Пешева да разменувате искуства и заедно да напредувате. Топло ги препорачувам нејзините сесии.”
“Методата на Филис Кристал ја дознав во Индија, а преку Билјана Пешева започнав да ја практикувам вистински оваа година. Со моето скромно долгогодишно искуство во духовниот развој топло би ја препорачал на секој: најтопло и најискрено ! А Билјана ја дава со огромна љубов. ”
“Билјана е докажано најдобра во Македонија и пошироко. Патот може е долг но ти Биле, го имаш она што ќе те однесе на врвот! “