Активен одмор

Научи како да го балансираш својот ум, тело и душа
Јога кампови и Велнес ретрити за сите возрасти

Вистински одмор за вас

Сакајќи да направиме вистински одмор за вас, исполнет со содржини, збогатен со древни и современи методи за надминување на стрес, како и со вежби и техники преку кои ќе научите како да го подобрите својот личен или професионален живот, Ви предлагаме да се пријавите на еден од нашите активни велнес одмори. Концептот Велнес (Wellness) е многу повеќе од само гледање на физичкото здравје, вежбање или пак исхрана. Велнес значи целосна интеграција на својата физичка, ментална и духовна благосостојба.

Методи на работа

За постигнување на ментална ,емотивна, физичка и душевна рамнотежа

 

Јога вежби

Практикуваме едноставни и ефикасни хата јога вежби за истегнување и опуштање на телото, наутро и навечер преку кои ќе си овозможите да го почуствувате и енергизирате своето тело, да ја подобрите неговата флексибилност и ги проширите внатрешните граници.

Техники за дишење

Учиме техники на дишење преку кои ќе можете да го неутрализирате длабоко вкоренетиот стрес и го намалите заморот.  Преку практикување на техники на дишење ќе ја подобрите личната благосостојба, ќе го зголемите оптимизмот,  зајакнете менталниот фокус и ќе си ја подигнете  имунолошката функција на организмот.

Тишина

Практикуваме сесии во кои правиме интроспекција, која заедно со техниките за дишење и медитациите, резултира со длабока детоксикација која овозможува на вашиот ум  целосно да се опушти и да се приклучи на внатрешниот извор на креативност и радост.

Групна работа

Применуваме научно дизајнирани алактки за проверка на личноста, каде ќе усвоите поголемо разбирање за интраперсоналната комуникација која влијае врз работата на вашиот ум и законите на умот, која ќе ви овозможи подобро да се запознаете себе си и другите.

Креативна визуелизација

Применуваме техники за опуштање и визуелизирање кои се специјално развиени за да ги практикуваат луѓе кои немаат предходно искуство во тоа. Преку креативна визуелизација ќе успеете да го однесете умот кон состојба во која ќе научи да се релаксира и да биде буден истовремено, со што се постигнува чувството на проток и полнење со витална енергија.

Зајакнување на внатрешната рамнотежа

Употребуваме методи за проценка на личната и професионална благосостојба -Велнес и ве учиме на нови вештини за интеграција на својата физичка, ментална и духовна благосостојба.

Холистички пристап

Моделот кој го користиме вклучува развивање на лични социјални, емоционални, духовни, еколошки, професионални, интелектуални и физички капацитети. Сеопфатниот – холистички пристап ќе ви даде подршка на патот до остварување на своите цели.

Личен раст и развој

Користејќи ги сознанијата на модерната психологија работиме на подобрување на личната емотивна благосостојба, преку развивање на здрав начин на размислување и градење на здрави навики.

EFT (Emotional Freedom Technique)

Ја применуваме светски позната техника за емоционално ослободување. Оваа техника е насочена кон откривање на дисбалансот на телесниот енергетски систем кој е различен  во секоја една лична психологија. Корегирајки го овој дисбаланс преку тапкање на одредени места на телото се неутрализираат негативните емоции кои се врежани во потсвеста и ви се враќа енергијата, мотивираноста и исполнетоста цо животот.

Зошто треба да дојдете со нас ?

Зборот ретрит доаѓа од англиските збор „retreat“ што во превод значи „тивко или повлечено место каде што може да доживеете внатрешен мир и опуштање“ и тоа токму што тоа што се случува таму. 

Јогата навлегува длабоко во нашите животи, особено сега кога темпото на живот е брзо и се соочуваме со многу стресови во секојдневието. Сепак, многумина се жалат дека не можат редовно да посетуваат часови јога, поради недостаток на време и многу обврски. 

Посетата на јога камп овозможува да ги научите основите на јогата од најдобрите и најинспиративните инструктори. Таму можете да најдете време да поразговарате со инструкторите и да побарате мислење за подобрување на вашата состојба и вашето тело. Со учество на јога часовите вие ќе ги осетите границите на вашето тело и ќе научите вежби со кои ќе ја зголемите својата еластичност и физичка спремност. 

Ретритите се одржуваат најчесто во природа. Знаете зошто? Бидејќи животната енергија или „праната“ најмногу ја има во природа (на планина, во шума, на море или езеро). Самата посета на овие места е одлична, но на ретритите се практикуваат и техники на дишење, со што дополнително овозможуваме нова свежа енергија да влезе во нас со што се балансираме и полниме со енергија. Ова е најуспешниот и најбрзиот начин како да се дојде до нова енергија. Динамичниот живот во кој живееме денес, за жал, негативно влијае врз нашата природна витална енергија, а со тоа и врз нашето здравје и долговечноста.

Одењето на јога ретрит или камп не ве спречува да ги користите вашите дигитални уреди (мобилен, компјутер, таблет), но за вас е одлична можност да направите повлекување од дигиталната зависност и да го детоксифицитате вашиот ум. Ретритот е совршен изговор да се исклучите од технологијата и да се вклучите во животот. При повлекувањето, можете да поминете извесно време со себе, без постојана потреба да ги проверувате известувањата или да трошите многу време на социјални мрежи. На ретритот го подмладувате вашето тело и си ја посветувате цела недела само за себе со цел подобрување на вашиот ум и тело.

Бидејќи на ретритите ќе имате време да се повлечете во себе, ќе можете да направите интроспекција на својот живот, на односите со другите луѓе, работата и со тоа да извршите само-анализа на вашиот живот. На еден ваков настан многу полесно ќе може да донесете одлука за себе или за својот живот, но и за патот по кој сакате да продолжите да чекорите. Таму тоа е полесно бидејќи вашиот ум и вашите емоции преку редовното вежбање јога и медитациите ќе бидат во баланс и со тоа вашите одлуки ќе бидат длабоки и значајни за вас.

Јогата се поврзува со сатвичка или вегетаријанска/веганска храна, што е одличен детоксификатор за вашето тело. Храната ги намалува негативните јони во вашето тело и го отстранува секој несакан елемент. Храната помага во лекувањето на разни здравствени заболувања. Нашето здравје е во голема мера поврзано со храната што се консумира. На јога ретритите се јаде најчесто вегитаријанска храна со изобилство на зеленчук и овошје со цел целосна детоксификација на вашето тело. А во здраво тело, може да лежи само здрав дух. На ваше барање а во договор со организаторот, храната може да се прилагоди за вашите потреби.

Умот е како машина која непрестајно врти. Кога машината работи премногу, таа се презагрева. Истото важи и за вашиот ум. Премногу мисли прават да умот се прегрее кое во крајна линија доведува до вознемиреност, несоница, константен умор, агресија, депресија или друго. Медитацијата е редовна практика и е дел од програмата на нашите јога ретрити и велнес кампови. Таа ги смирува мислите и ја урамнотежува левата и десната хемисфера на мозокот. Кога имате контрола над мисловниот процес во вашиот ум, лесно може да добиете одговор на било кое прашање или проблем кое ве мачи. Медитацијата ви помага да ги искористите сите ваши мисли и да ги канализирате за да добиете подобар фокус во животот.

Јога кампот или Велнес ретритот е совршено место за лекување на вашите физички, ментални и емоционални болести. Јога вежбите кои таму се практикуваат се повеќе од добри за подобрување на целокупната ваша состојба и здравје. Препуштајќи се себеси на вежбањето и на природата, е добар начин за да го пронајдете коренот или причината на вашите проблеми. Јогата може да ги намали симтомите на депресија или стрес и при тоа влијае врз зголемување на вашата самодоверба и верба во светот околу вас.

Повеќето од нас носат во себе различни стравови. Тие можат да бидат поврзани за работата, парите, партнерите, смртта итн. јога ретритите и камповите се совршено место за соочување со вашите стравови. Таму се постигнува внатрешен баланс и мир преку редовното практикување на јога вежби и медитација, увид во внатрешните содржини, контакт со потсвеста, а преку сè тоа можете да се поврзете со вашето духовно јас или со повисоката Свесност која лежи во секој еден од вас, со чија помош можете да се соочите со сите ваши стравови.

Јогата се поврзува со сатвичка или вегетаријанска/веганска храна, што е одличен детоксификатор за вашето тело. Храната ги намалува негативните јони во вашето тело и го отстранува секој несакан елемент. Храната помага во лекувањето на разни здравствени заболувања. Нашето здравје е во голема мера поврзано со храната што се консумира. На ретритите се јаде најчесто вегитаријанска храна со изобилство на зеленчук и овошје со цел целосна детоксификација на вашето тело. А во здраво тело, може да лежи само здрав дух. На ваше барање а во договор со организаторот, храната може да се прилагоди за вашите потреби.

На јога ретритите се практикуваат креативните визуелизации и водените медитации преку кои работиме на визуелизијата својот живот од поинаква перспектива. Со овие техники вашите вештини за анализирање ќе се зајакнат, вашата креативност ќе се зголеми, вашата радост ќе порасне. На таков начин полесно ќе може да ги најдете позитивните аспекти на својот живот и да направите подобри идни избор за себе и за својата околина. Најважно од се може да поставите нова колосек и перспектива за вашиот живот.

Ефективност: Длабоко чувство на релаксација и одмор, што помага да се зголеми ефикасноста и продуктивноста во животот.
Среќа: Зголемување на свесноста за личното здравје и благосостојбата
Фокус: Усвојување на техники за смирување и центрирање на умот и личниот фокус а во исто време воспоставување на активна и будна состојба на умот
Способност да се исклучите: Усвојување на вештини за одделување на стресот и напнатоста од вас самите. Способност да спиете подобро ноќе.
Одржливо однесување: Ќе научите како самостојно да ги користите техниките а со тоа добивате систем на одржливо однесување кое може да ви стане камен темелник на почетокот на вистинска грижата за себе.
Радост: Ќе го разбудите скриениот потенцијал во вас самите, потенцијал кој лежи во вашето внатрешно “Дете” и кој генерира радост, ентузијазам и среќа

РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНИ ОДМОРИ

Јога викенд на Плачковица на 1480 метри надморска висина

9-12 Септември 2021, хотел Бел Камен

Прочитај повеќе

Јога продолжен викенд во Крушево

9-12 Октомври 2020

Прочитај повеќе

Јога викенд во Лазарополе

3 до 6ти Септември 2020, Хотел Калин

Прочитај повеќе

Wellness & Yoga камп

Tрадиционалниот Септемвриски Wellness & Yoga камп се реалзираше од 15 до 22 Септември 2019 во Никити, Халкидики.

Прочитај повеќе

Healthy YOGA Wellness retreat

Концептот Healthy YOGA Wellness retreat е многу повеќе од само вежбање јога. Wellness значи целосна интеграција на својата физичка, ментална и духовна благосостојба.

Прочитај повеќе

Релакс Јога & Спа продолжен викенд

Од 20 до 23 Октомври 2018 во Бања Банско Бугарија го одржавме традиционалниот Релакс Јога & Спа продолжен викенд.

Прочитај повеќе

Yoga & Digital Detox активен камп

Од 16 до 23 Септември 2018 година во Геракини, Грција се одржа 7 (седум)дневен активен камп “Yoga & Digital Detox” во Грција на тема “Активирај го детето во себе”

Прочитај повеќе

Wellness & Yoga камп “Активирај го детето во себе”

Во период 23-27 мај 2018 година, се одржа пет дневниот Wellness&Yoga камп во Никити Грција, на тема “Разбуди го детето во себе”.

Прочитај повеќе

Јога на планина – Маврово

За време продолжениот викенд во Декември 2017 со група од 30 луѓе бевме на #ЈогаНаПланина семинар.

Прочитај повеќе

Wellness &Yoga Camp

Од 17 до 23 Септември 2017 беше реализиран седум дневниот камп во Геракини, Грција исполнет со богати содржини.

Прочитај повеќе

Happy & Healthy

За време на продолжениот викенд во месец Мај во 2017 година организиравме заедно со Јога учителите од Happy Yoga Macedonia четри дена вежби и тимски игри во планината Пониква, за повеќе од 50 учесници.

Прочитај повеќе

Јога на планина Пониква

Нов начин на допир со себе, природата и околината јога тродневен камп во планина одржан во Мај 2016 со јога учителите од Happy Yoga Macedonia.

Прочитај повеќе

Јога викенд на Плачковица на 1480 метри надморска висина

9-12 Септември 2021, хотел Бел Камен

Прочитај повеќе

Јога продолжен викенд во Крушево

9-12 Октомври 2020

Прочитај повеќе

Јога викенд во Лазарополе

3 до 6ти Септември 2020, Хотел Калин

Прочитај повеќе

Wellness & Yoga камп

Tрадиционалниот Септемвриски Wellness & Yoga камп се реалзираше од 15 до 22 Септември 2019 во Никити, Халкидики.

Прочитај повеќе

Healthy YOGA Wellness retreat

Концептот Healthy YOGA Wellness retreat е многу повеќе од само вежбање јога. Wellness значи целосна интеграција на својата физичка, ментална и духовна благосостојба.

Прочитај повеќе

Релакс Јога & Спа продолжен викенд

Од 20 до 23 Октомври 2018 во Бања Банско Бугарија го одржавме традиционалниот Релакс Јога & Спа продолжен викенд.

Прочитај повеќе

Yoga & Digital Detox активен камп

Од 16 до 23 Септември 2018 година во Геракини, Грција се одржа 7 (седум)дневен активен камп “Yoga & Digital Detox” во Грција на тема “Активирај го детето во себе”

Прочитај повеќе

Wellness & Yoga камп “Активирај го детето во себе”

Во период 23-27 мај 2018 година, се одржа пет дневниот Wellness&Yoga камп во Никити Грција, на тема “Разбуди го детето во себе”.

Прочитај повеќе

Јога на планина – Маврово

За време продолжениот викенд во Декември 2017 со група од 30 луѓе бевме на #ЈогаНаПланина семинар.

Прочитај повеќе

Wellness &Yoga Camp

Од 17 до 23 Септември 2017 беше реализиран седум дневниот камп во Геракини, Грција исполнет со богати содржини.

Прочитај повеќе

Happy & Healthy

За време на продолжениот викенд во месец Мај во 2017 година организиравме заедно со Јога учителите од Happy Yoga Macedonia четри дена вежби и тимски игри во планината Пониква, за повеќе од 50 учесници.

Прочитај повеќе

Јога на планина Пониква

Нов начин на допир со себе, природата и околината јога тродневен камп во планина одржан во Мај 2016 со јога учителите од Happy Yoga Macedonia.

Прочитај повеќе
Healthy YOGA
5.0
Based on 27 reviews
powered by Facebook
Zorica Koceva
Zorica Koceva
2021-10-23T06:48:07+0000
Со настанот од 22 октомври, првпат имав медитација со професионалец. Чувството на леснотија и ослободување беше... неверојатно. Ви благодарам!read more
Silvana Jo
Silvana Jo
2021-10-22T20:17:55+0000
Прекрасни медитации и асани со умерен интензитет-одлични за надминување на стрес и подобро здравје 💗
Suzana Petrevska
Suzana Petrevska
2020-12-21T19:56:29+0000
Секој час ти е со поинаков пристап , разновидни вежби, воопшто не е еднолично. Можеби на другите што вежбаат подолго... со тебе тоа им е нормално, но јас бидејќи само два месеца вежбам со тебе, правам споредби со претходните вежбања и навистина ми е многу поубаво со тебе. Часот ми поминува за миг, и релаксациите исто така ти се секогаш различни.Многу ти благодарам и за јога вежбите и за медитациите за одврзување.❤read more
Tanja Popovic
Tanja Popovic
2020-08-11T18:33:27+0000
Svakodnevni brzi nacin zivotq u Holandiji dovodi do stresnih situacija , zahvaljujuci tebi Bile i tvojim online... casovima pocela sam polako da se opustam . Pomazes mi da vratim vitalnost tela i harmoniju duha. Veliko ti hvala za to . Najbolja si.❤️read more
Snezana Budimovska
Snezana Budimovska
2020-04-24T15:46:52+0000
Одлични водени медитаци. Билјана е вистински професионалец. Посебно го ценам нејзиниот ангажман во ова време- невреме.... топло ја препорачувам🙏read more
Irena Stameska Gjerovska
Irena Stameska Gjerovska
2020-04-10T08:16:03+0000
Секоја чест Билјана за трудот кој несебично го вложуваш и шириш позитивна енергија! Прекрасни јога часови.
Irena Apostolova
Irena Apostolova
2020-04-09T21:06:30+0000
Elevates the vibes, motivates, inspires to action 🧘‍♀️
Anita Kavrakova
Anita Kavrakova
2020-04-09T18:11:29+0000
Najdobra ONLINE meditacija! Ti blagodaram za nesebicnata podrshka koja ni ja pruzash vo ovie teshki karantinski denovi... <3read more
Katarina Miloshevska
Katarina Miloshevska
2020-04-09T17:48:25+0000
Прекрасни и многу моќни медитации води Билјана ❤.
AlekSandra Boeva
AlekSandra Boeva
2020-04-09T13:15:26+0000
Најдобрите часови по јога во време на вонредна состојба, а и воопшто ❤️
Suzana V.Kenjeres
Suzana V.Kenjeres
2020-04-08T20:41:24+0000
Sekoja cest na Biljana za inicijativata i uspesnata organizacija na ONLINE HATA YOGA casovite. Odlicno vodeni vezbi koi... toplo gi preporacuvam.read more
Suzana Ljuseva
Suzana Ljuseva
2020-04-06T20:19:20+0000
Biljana mnogu sum ti blagodarna za tvojata inicijativa za online joga.Prezadovolna sum i posle sekoj cas se custvuvam... odlicno.Se trudam da sum prisutna na site casovi i te predlagam na mnogu moi prijatelki da ni se priklucat.Dobro e sto postoish inace ke tebashe da te izmislime!❤Blagodaram od srce.👏Prodolzi da si super!Pozz i do ste sto vezbaat so tebe. Cuvaj se!read more
Kiraca Kostova
Kiraca Kostova
2020-04-01T19:23:31+0000
Prekrasni onlajn casovi, prekrasna onlajn druzba 😀😀😀
Natasa Bozinovska
Natasa Bozinovska
2020-03-30T19:17:39+0000
Cuvstvo na osloboduvanje,na energijana rastenje vo sebetoa ni go dava Bile so meditaciiteti blagodarime sto ne... pravis da se cuvstvuvame GOLEMIread more
Snezana Gjosevska
Snezana Gjosevska
2019-06-02T17:50:33+0000
Samo so pozitiven instructor vo jogata ima uspeh instructor Biljana Pesheva❤️👌😘
Elena Mangova
Elena Mangova
2019-04-09T11:40:12+0000
The best yoga and meditation 🙂
Nena Atanasoska
Nena Atanasoska
2018-12-12T13:17:10+0000
Prekrasno ,a za instructorkata Biljana najpofalni zborovi
Lira Sekulovska
Lira Sekulovska
2018-12-10T21:05:49+0000
Toplo preporacuvam. Odlicen instruktor, pozitivna energija i relaksiracka atmosfera.Vreme posveteno za sebe i svesnost... vo disenjeto.Samo superlativi za vodenjeto na casovite !read more
Bisera Strezoska Krstevska
Bisera Strezoska Krstevska
2018-12-10T20:25:00+0000
Vistinsko opustanje na teloto I umot so milozvucniot glas na Biljana. 5 zvezdi.😀
Suzana Prodanova
Suzana Prodanova
2018-12-10T08:46:05+0000
prekrasen instruktor,so zadovolstvo gi posetuvam nejzinite casovi
Sonja Mitevska
Sonja Mitevska
2018-12-09T09:28:40+0000
the voice of instructor is calming
Slavica Danilovska Spiroska
Slavica Danilovska Spiroska
2018-12-08T12:43:06+0000
Посветеност и многу љубезен пристап кон сите луѓе, и сето тоа поткрепено со голема стручност. Од срце ❤️
Daniel Georgiev
Daniel Georgiev
2018-12-08T10:39:01+0000
Najdobronamerno ja preporacuvam na pocetnici i iskusni tragaci na Vistinata kako del od duhovniot razvoj... So Ljubov
Jasmina Kostoska
Jasmina Kostoska
2018-12-08T09:49:26+0000
Preporacuvam na site ljubiteli na joga! 👍👍👍
Sasha Sarauleva
Sasha Sarauleva
2018-12-08T07:56:57+0000
Релаксација,позитивна енергија🙏
Matilda Sretenovska
Matilda Sretenovska
2018-12-08T07:51:53+0000
*****moja preporaka da se primenuva joga e zaradi zdravjeto, vezbanje, disenje, smiruvanje
Jule Jugoslava
Jule Jugoslava
2018-12-08T07:34:27+0000
Стручност, посветеност, мотивација за душевна сатисфакција... Препорачувам од се срце !
Next Reviews