Најголемата статуа на Буда која е изработена од чисто злато и тоа отприлика во 11 век, е пронајдена во 1954 година во еден манастир во Банкок. Случајно! Паднало парче од старата статуа која била висока скоро 4 метри и еден љубопитен монах сакајќи да ја види внатрешнаста, и да открие од што е направена статуата открил… чисто злато!  Замислете, оваа златна статуа преживеала илјадници години, многу војни и разорувања, само поради една едноставна работа. Била обвиткана од кал и глина.

Па, така на ист начин како што статуата на Буда била покриена со обвивка од глина и кал, така и ние ја покриваме нашата внатрешна добрина и чистота, со цел да ги преживееме тешките времиња, тешките општества, тешкото родителство или тешките трауми и стресови од нашиот живот.

Но, криејќи ја нашата златна природа, под обвивката на кал и глина, ние дефинитивно страдаме. Нормално секој на свој начин реагира, но дефинитивно за да живееме најлесно е да си ставиме маска и си го живееме живот. И така за жал, сакајќи да го избегнеме страдањето, почнуваме да се идентификуваме со обвивката или со маската и забораваме кој сме,што сме и која е нашата вистинска природа.

Затоа вежбите и медитациите кои ги работевме за време на Викенд интензив генералката одржана на 21 и 22 Мај 2022 беа насочени да не потсетат на златото кое го имаме во себе, да ја зголемат свесноста за тоа кој сме и што сме, и да ни помогнат да се одврземе од минатото (обвивките или маската) за да се поврземе со златото или со нашата автентична природа.

Целиот викенд беше насочен кон препознавање на нашите навики и мисли, односно на  обвивките со кои го имаме несвесно прикриено златото  во нас.

Руми вели “Твојата цел не е да ја бараш љубовта, туку да ги бараш и пронајдеш ограничувањата  во себе, кои си ги изградил, против неа”.

На кусо, тоа е тоа што го истражувавме за време на  овој дво дневен интензив семинар кој помина во прекрасна атмосфера.

Благодарност на сите учесници, за нивната отвореност и спремност да работат на себе и станат подобра верзија за себе, во себе.